По победата над Ајакс во средата во Лигата на Шампионите, Реал Мадрид вчера изненадувачки беше поразен од Џирона на домашен терен (1-2).

„Кралевите“ поведоа со 1-0 и се чинеше дека ќе остварат уште една лесна победа, но наместо тоа, во вториот дел следеше комплетен пресврт, па Џирона го запиша својот прв историски триумф на најголемиот стадион во Мадрид.

Посебно внимание привлече анализата направена за играчот кој повторно го извлече најдебелиот крај. Марсело беше стартер навчерашниот меч и не успеја да има позитивно издание, бидејќи вториот гол на Џирона дојде од негова страна и во ситуација кога не го покри навреме Порту.

Шпанските медиумите излегоа со анализа која вели дека Реал Мадрид во Примера има само една победа, две реми средби и дури шест порази на последните девет натпревари на кои Бразилецот бил стартер.

Ова се бројки кои дефинитивно не се својствени за играчот кој до лани беше клучен во тимот на Зинедин Зидан, а мадридските медиуми веќе без поштеда пренесуваат дека ова е убедливо најлошиот Марсело откако го носи дресот на „кралскиот клуб“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.