Со голот на Барди Македонија поведе пред истекот на седмата минута. Киксот на голманот на Вихел, Барди го казни со погодок и ѝ донесе на Македонија водство од 1:0.

Одличен старт на денешниот натпревар. Барди од слободен удар од 30 метри упати удар, и го изненади Бихел кој не успеа да одбрани, и топката заврши во голот.

Македонската фудбалска репрезентација го започна натпреварот против Лихтенштајн со неколку промени во стартниот тим. На Националната Арена „Тодор Проески“ во поход кон првата победа во овој мундијалски циклус Ангеловски го пречека противникот со формација 4-4-2, во која Димитриевски е на голот, централни дефанзивци се Муслиу и Ристевски, а бекови остануваат Ристовски и Алиоски. Во средниот ред се Спировски и Барди, а на крилните позиции ќе играат Радески и Елмас, во нападот се Пандев и Трајковски.

Противник на Македонија е Лихтенштајн, селекција која е апсолутен аутсајдер во групата, и не би требало да има никакви проблеми во обидот нашата селекција да дојде до трите бода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.