Со гол на Александар Митровиќ во 90. минута, Србија со 2-1 ја победи Португалија во Лисабон и се пласираше на Светското првенство во Катар.
На Португалија ѝ одговараше реми, а Србите мораше да победат за да одат на Светско, тоа и се случи.
Португалија одлично го отвори мечот, уште во втората минута поведоа со гол на Санчез. Србија изедначи во 33. минута со погодок на Тадиќ. И кога се очекуваше мечот да заврши нерешено, Александар Митровиќ погоди со глава за победа на Србија од 2-1.

Србија оди на Светското првенство, а Португалија ќе игра бараж, тие ќе бидат една од шестте селекции кои може да ги добие Македонија.
Во вториот директен дуел вечерва Шпанија ја победи Шведска со 1-0 со гол на Мората во 86. минута.
Шпанците одат на Светско првенство, а Шведска ќе биде еден од потенцијалните противници на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.