Украина во последната минута од продолженијата, успеа да дојде до голема победа против Шведска, со 2-1 и да се пласира во четвртфиналето на фудбалското Европско првенство. Украина во четвртфиналето ќе игра против Англија во Рим.

Херој за Украинците е Артем Довбик, кој стрелаше во финишот и така ја однесе Украина меѓу осумте најдобри европски селекции.

Прво поведе Украина по убавиот волеј шут на Олександар Зинченко во 27-та минута, по уште поубавата асистенција на Андриј Јармоленко.

За 1:1 во финишот на првиот дел односно во 43-тата минута стрелаше Форсберг.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.