Со гол примен во четвртата минута од судиското надополнување, актуелниот европски шампион Челзи, го загуби првото место во Групата Х од Лигата на шампионите и во осминафиналето ќе за противник ќе има некој од победниците во групите, односно од фаворитет за трофејот.
Челзи на гостувањето во Санкт Петербург против Зенит одигра само 3:3, а кобен за „сините“ од Лондон беше Магомед Оздоев, кој го пред самиот последен судиски свиреж донесе реми на семафорот.
Таков расплет на настаните се навестуваше уште по првотѕо полувреме, кое заврши со резултат од 2:1 за Зенит, кој со головите на Клаудињо (38) и Азмун (41) го поништи голот за водство на Челзи што го постигна Вернер (2). Сепак, Англичаните направија целосен пресврт преку Лукаку (62) и Вернер (85), што сепак не беше доволно за освојување на првото место во групата.
Таа чест му припадна на Јувентус, кој на домашен терен го совлада Малме со минимални 1:0, со голот на Моис Кин во 18 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.