Лидерот Шкупи убедливо славеше над Пелистер со 5:0 со што ја задржа предноста од четири бодови пред второпласираната Академија Пандев по 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ)

Струмичани се задржаа на втората позиција откако со играч помалку, триумфираа на домашен терен против Тиквеш.

Победи пред своите навивачи забележаа и Струга и Шкендија, а единствената гостинска победа ја извојува Ренова на гостувањето против Борец во Велес.

Резултати 14. коло

Академија Пандев – Тиквеш  3:2

Борец – Ренова  1:4

Шкендија – Брегалница  1:0

Шкупи – Пелистер  5:0

Струга – Работнички  1:0

Скопје – Македонија ЃП  1.2 (во сабота)

Табела: Шкупи 32, Академија Пандев 28, Ренова 25, Шкендија 24, Струга 22, Брегалница 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.