Барселона забележа втората победа под водство на Чави.Вечерва на „Серамика“ против незгодниот Виљареал, „каталонците“стигнаа до триумф од 1-3.
Де Јонг го отвори резултатот на стартот од второто полувреме, прв стигна до една одбиена топка и рутински ја затресе празната мрежа за 0-1.
Виљареал стигна до изедначување во 76. минута, Мингеза се двоумеше многу, Чуквуезе тргна одлучно и го матираше Тер Штеген за 1-1.
Барселона сепак успеа да се врати во водство во 88. минута, среќата ги посака гостите, двајца играчи на Виљареал погрешија и му овозможија на Депај да реализира за 1-2.
Во поселдните мигови од мечот, Кутињо изнуди пенал и сам ја реализираше најстрогата казна за конечни 1-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.