Судењето на напаѓачот на португалскиот национален тим и ѕвезда на екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо, за случајот силување е затворен.

Судот во Лас Вегас во мај добил известување за доброволно прекинување на случајот. Сé уште не е познато дали ова е направено по барање на тужителот или со заеднички договор на странките.

Роналдо беше обвинет за силување на американскиот модел Кетрин Мајорга, кој, наводно, се случил во 2009 година во Лас Вегас. Веднаш по инцидентот, девојката поднела преставка до полицијата, без да го именува силувачот. Но, една година подоцна, потпиша договор со неоткривање на информации со адвокатите на Роналдо, добивајќи 375.000 долари за тоа. Во октомври 2018 година, градската полициска управа објави дека истрагата за случајот е продолжена по барање на жртвата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.