Горан Пандев како капитен на македонската фудаблска репрезентација го истакна потенцијалот на „бисерот“ Елиф Елмас за време на прес-конференцијата по натпреварот со Словенија, пресметка на која нашата селекција повеќе од заслужено славеше со 2:1 и освои многу важни бодови во битката за пласман на Европското првенство.

Дел од словенечките медиуми останаа повредени од изјавата на Горан веднаш по средбата во Скопје, а угледниот специјализиран портал „Екипа 24“ посочи дека Пандев ја понижил Словенија.

Словенија го има Јосип Иличиќ, кој е добар играч, но ништо повеќе. Останатиот дел од тимот не ни одблизу добар за да размислуваат за Европско првенство. Реков пред мечот со Словенија дека тие не се ништо посебно. Да, тие го имаа и Облак, тоа не може да се дискутира. Но, голманот не се доведува во прашање на вакви натпревари. Сега ќе навивам за Словенија зошто ни треба нивна победа против Австрија, но не верувам дека ќе се справат со тоа – изјави Пандев.

извор: Дерби.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.