Македонската фудбалска репрезентација вечерва ремизираше против Словенија со 101 (0-0) во претпоследниот настап пред дебитантското учество на Европското првенство (ЕП) во фудбал.
Водечкиот гол за „црвено-жолтите“ на арената „Тоше Проески“ во Скопје го постигна Елиф Елмас во 55 минута, по асистенција на Езџан Алиоски. Словенците успеаја да се спасат од пораз и да освојат реми во седмата минута од судиското надополнување преку Чрнигој.
Македонската репрезентација покажа одлична игра против Словенија, репрезентација со која добро се познаваме. Селекторот Ангеловски може да биде задоволен од играта. Македонија играше течно, создаваше шанси.
Денешниот натпревар се играше пред 10.000 публика во Скопје.
Македонија на Европското првенство ќе игра во групата Ц против репрезентациите на Австрија (13 јуни во Букурешт, 18 часот), на Украина (17 јуни во Букурешт, 15 часот) и на Холандија (21 јуни во Амстердам, 18 часот).
Ова е првата можност публиката да ги поздрави милениците пред патот за Букурешт. В петок во 17 часот Македонија игра против Казахстан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.