Славниот турски Рушту Ребџер се бори за живот откако е откриено дека е заразен со корона вирусот.

Рекордерот по бројот на натпревари за репрезентацијата на Турција пред два дена е примен во болница, а денеска стигна информација дека состојбата му се влошила и дека морал да биде приклучен на респиратор.

Турските медиуми откриваат дека Ребџер го заразила неговата сопруга Исил.

Исил Ребџер, според тие наводи ги прекршила прописите за задолжителен карантин кога од САД се вратила во Турција. Таа допатувала во Турција на 4 март, а на 16 март отишла во козметички салон, па освен сопругот загрозила и неколку други лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.