Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го обвини Пол Погба за егоизам и го повика да дава се од себе на теренот. Тој смета дека Французинот треба да престане да си мисли дека е најдобар играч во светот, туку да го покажува тоа на теренот.
Има конфузија во средниот ред. Останува ли Погба или си заминува? Низ годините, Јунајтед губеше главни играчи како Кин, Бекам, Роналдо, Ван Нистелрој, но тоа никогаш не извршило суштинско влијание врз тимот. Знаеме дека Погба има огромен потенцијал, но тој веќе има 26 години и е убаво да ги покажува своите квалитети во секој натпревар, а не само да мисли дека е нешто посебно. Тој треба да излезе од овој измислен свет, во кој мисли дека е најдобар во светот, прокоментирал Сколс за англиските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.