Младиот холандски дефанзиве, Матијас Де Лихт е еден од најпосакуваните фудбалери во моментов, а судејќи по интересот и неговите игри, тој летово по се изгледа дека ќе го напушти клубот од Амстердам.
Скоро сите европски фудбалски гиганти се заинтересирани за 19 годишниот фудбалер, а неговиот менаџер Мино Риаола, веројатно воден од желбата за што поголема провизија, најмногу сакал Де Лихт да заврши во Манчестер Јунајтед, Јувентус или Баерн Минхен.
По шпекулациите дека и Јунајтед е во трка за Де Лихт, се огласи Арон Сколс, синот на членот на една од најдобрите генерации во историјата на клубот, Пол Сколс.
Колку и да сакам да го видам Де Лихт во Јунајтед, тоа не би му го посакал. Оди пријателе во Барселона и уживај во кариерата бидејќи ние сме гом*о од екипа, напишал Арон Сколс на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.