Италијанскиот магазин Чи тврди дека напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ имал афера со прекрасната новинарка Дилета Леота.

Ибрахимовиќ и Дилета снимале реклама, но се тврди дека не останало се на тоа. Нивната афера наводно се случила на Сардинија, каде новинарката славела роденден. Славниот фудбалер прво својата партнерка и синовите ги испратил во хотел, а потоа се нашол со Дилета.

Златан е во долгогодишна врска со својата невенчана сопруга Хелена Сегер(50) со која има два сина, Максимилијан и Винсет.

Од друга страна атрактивната Дилета стана голема  ѕвезда во Италија, а неодамна ја прекина врската со боксерот Данијел Скардини. Леота на Инстаграм ја следат бројни славни спортисти, што не зачудува бидејќи поради природата на работата, секојдневно е во контакт со нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.