Селекторот Лионел Скалони и капитенот на Аргентина, Леонел Меси, нема да стават крај на репрезентативните кариери и покрај поразот (0-2) од Бразил во полуфиналето на Копа Америка.
Скалони ќе ги предводи „гаучосите“ барем до декември кога му завршува актуелниот договор. Во зависност од анализите што ќе ги направи федерацијата, ќе се знае дали ќе му биде понуден нов договор.
Иднината на капитенот Меси во националниот тим не е доведена во прашање, без оглед на новиот неуспешен обид да стигне до трофеј во аргентинскиот дрес.
Го одигравме најдобриот натпревар во Копа Америка. Тие не беа подобри од нас. Не ги искористивме шансите. Во секој случај, овие играчи направија големи напори. Ние мора да дозволиме да се развиваат. Не смее да се врши притисок врз нив. Се чувствував многу добро со овој тим. Ако можам да помогнам, тогаш да, ќе играм и понатаму, изјави Меси.
Аргентина в сабота ќе игра меч за третото место на Копа Америка со поразениот од дуелот Перу – Чиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.