Манчестер сити со 2:0 (1:0 полувреме) го совлада вчера ПСЖ на домашен терен и со вкупен резултат од 4:1 го елиминираше францускиот првак на патот до своето прво финале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Предноста од 2:1 од првиот натпревар во Париз, екипата на Пеп Гвардиола ја зголеми веќе по 11 минути игра на реваншот преку Ријад Марез, а истиот играч го завери пласманот на Сити во финалето на елитното клупско натпреварување со својот втор гол вечерва во 63. минута.

ПСЖ мечот го заврши со играч помалку поради директниот црвен картон што судијата му го додели на Анхел Ди Марија во 69. минута.

Противникот на Сити во финалето на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул ќе биде познат по денешниот реванш полуфинален натпревар меѓу Челзи и Реал Мадрид. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши нерешено 1:1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.