Иако за него цело лето имаше силен интерес од Баерн Минхен, крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лирој Сане, остана во Англија а во моментов закрепнува од операцијата на лигаментите во коленото.
Германскиот репрезентативец, по операцијата што му била извршена пред три недели, вчера се вратил во Манчестер. Сане се рехабилитирал во клиника во Инсбрук, Австрија.
Баерн наводно го чекал зимскиот преоден рок за да ги продолжи преговорите со Сане, но плановите на Баварците сакаат да им ги расипат од Сити кои подготвиле нов договор за фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.