Манчестер Сити го освои Лига Купот во Англија за трета година по ред, откако ја победи Астон Вила со 2:0 на „Вембли“.

Тимот на Пеп Гвардиола во голема мерка реши се до 30-тата минута од натпреварот кога двапати реализираше преку Серхио Агуеро (20) и Родри (30).

На крајот од првиот дел, Мбавана Самата (41) врати еден од головите, но играчите од Бирмингем немаа многу шанси да се вратат целосно во мечот.

Едвај во последните минути, Бјорн Енгелс ја стресе гредата.

Ова е петти трофеј за Сити на турнирот во последните 7 години, а уште поимпресивно е постигнувањето на Пеп Гвардиола, кој го освои своето 21-во финале од 25-те во кои ги водел своите тимови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.