Килијан Мбапе изненади со новата фризура, а коментарите на социјалните мрежи се претежно сеирџиски. Францускиот репрезентативец и прв стрелец во Лига 1 се одлучи за предновогодишно освежување со светло сина боја на косата.

Новиот изглед на шпицот на ПСЖ не им се допадна на сите, па има и многу сеир за чудниот нов изглед на еден од најскапите светски фудбалери.

Мбапе се пофали на Инстаграм, а веднаш му коментираа неговите соиграчи Ди Марија и Пембеле, но и Орие, Обамејанг и уште неколку познати фудбалски ѕвезди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.