Со двата гола против Беневенто, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, во средата дојде до бројката од 100 голови во италијанската Серија А и стана првиот фудбалер од просторите од поранешната СФР Југославија кој постигнал таква бројка.

Пандев ја почна својата кариера во Италија во 2001 година кога од Беласица, заедно со Аце Стојков како младинци во пакет беа купени од Интер и веднаш пратени на  калење во Специја. Потоа Пандев играше и за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова. Вкупно одигра 468 натпревари во една од најсилните лиги на светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.