Синот на Синиша Михајловиќ, Мирослав, на Инстаграм испрати емотивна порака која покажува колку му значел татко му.
Драг тато, ти благодарам за се што ме научи. Ти отсекогаш беше мојата гордост и мојот извор на животна инспирација. Во овој тежок момент ќе го направам токму она што ме научи, нема да се откажам, ќе останам храбар и ќе ја задржам силата. Ќе се обидам да те направам горд, бидејќи знам дека ме гледаш и ми даваш сила, како што правеше секогаш. Те сакам – напиша Мирослав.
View this post on Instagram
Михајловиќ почина на 54-годишна возраст, а зад себе ги остави сопругата Аријана Рапачони, ќерките Викторија и Вирџинија, како и синовите Мирослав, Душан, Николас и Марко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.