Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по победата против Елче со 1:0, најави дека мадридскиот тим ќе се обиде да го засили нападот пред крајот на трансфер периодот, на крајот од месецов.
Подготвувањето за сезоната беше тешко. Нашите играчи одиграа многу меѓународни натпревари. Мора да работиме на нивната свежина. Сакаме да донесеме двајца нови играчи, а особено ни е потребен напаѓач. Ќе бараме соодветна опција. Ако не можеме да најдеме, ќе мора да се прилагодиме, како и секогаш – изјави Симеоне за „Марка“.
Атлетико по две кола има шест бода и е на првото место на табелата.
Клубот од Мадрид е бранител на шампионската титула освоена минатата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.