Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, истакна дека го реформирал тимот по бројните трансфери кои тие ги направија летово. Според него, за неговите избраници, секој натпревар е финален.
Повторувањето на овој идеален почеток на сезоната во Ла Лига не е толку важно. Кога го освоивме првенството во сезоната 2013/14, моите играчи беа подобри, а сега градиме тим каде што секој натпревар е финален, изјави Симеоне.
По трите стартни кола во шпанскиот фудбалски шампионат, Атлетико Мадрид има максимални девет бода и е лидер на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.