Со гол во петтата минута од судиското надополнување, Силекс загуби на гостувањето кај Петрокуб од Молдавија со што испадна од квалификациските натпревари во Конференциската лига на УЕФА.
Стрелец на победничкиот гол беше Михаил Платица.
Во првиот натпревар од двомечот, одигран во Скопје, кратовци ремизираа против ммолдавската екипа со резултат 1:1.
Овој резултат го продолжи лошиот настап на нашите екипи во Конференциската лига, откако претходно, Струга Трим и Лум загуби во Скопје од летонска Лиепаја со 4:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.