Фудбалер најверојатно ќе биде избркан од негвиот клуб во Премиер лига, зошто со блиските пријатели на „Инстаграм“ ја споделил секси забавата што ја организирал во неговиот дом.

Станува збор за напаѓачот на Ватфорд, Венецуелецот Адалберто Пенаранда, кој не само што организирал оргии во неговиот дом, туку подоцна и ги објавил видеата. 23-годишниот фудбалер споделил едно вакво жешко видео преку опцијата за „блиски пријатели“ на „Инстаграм“, еден од неговите „блиски пријатели“ го спуштил и споделил видеото насекаде.

По скандалот, првите луѓе на Ватфорд планираат да го отпуштат, бидејќи го посрамотил клубот. Пенаранда дојде во клубот од Удинезе за 10,6 милиони евра пред четири години, но на момчето особено не му се игра фудбал, бидејќи играл на позајмица во Гранада, Удинезе, Малага и Еупен. Тој одиграл само 40 натпревари за четири години и постигнал еден гол.

За репрезентацијата на Венецуела на 16 настапи овој офанзивен играч не бил ниту еднаш стрелец.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.