Британската ТВ-мрежа „Скај спортс“ вечерва објави дека романскиот фудбалски судија Себастијан Култеску ќе биде казнет со најмалку десет натпревари за инцидентот на мечот од Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир.
Натпреварот беше прекинат во првото полувреме, откако турскиот тим го обвини романскиот судија дека упатил навредливи зборови на расна основа кон нивниот помошен тренер Пјер Вебо, по што двете екипи го напуштија теренот.
Какво и да е нарушување на достоинството на поединец или група луѓе на верска, расна, етничка или друга основа подлежи на казна од минимум десет натпревари, го цитира „Скај спортс“ дисциплинскиот правилник на УЕФА.
Романскиот новинар Емануел Росу ги преведе зборовите на судијата:
BREAKING: THE diallogue between the refs in full: ‘The black one over there. Go and check who he is. The black one over there, it’s not poasible to act like that’ #PSGBAS pic.twitter.com/5ZUQfcEIkG
— Emanuel Roşu (@Emishor) December 8, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.