Навивачите на ПСЖ едвај дочекаа нивиот тим за влезе во финалето на Лигата на шампионите. Тие дивееја на улиците на Париз па мораше да интервенира и полицијата. И навистина имаат право за славје знаејќи колку пари се потрошени да се дојде до тука.

Во 2011 година клубот го купи арапскиот шеик Насер Ал-Келаифи, а целите беа 2 – целосна доминација во Франција и воспоставување на ПСЖ меѓу најсилните европски тимови. Па, 10 години и неколку потрошени шанси подоцна – клубот ќе игра во финалето на ЛШ.

Во овој период, за да се постигне оваа цел, парижаните потрошија неверојатни 1,268 милијарди евра, а привлекоа 43 различни нови играчи, информира шпанското издание „Марка“. ПСЖ потроши најмногу на својата напаѓачка моќ – 685 милиони евра. Дадени се 306 милиони евра за играчите од средниот ред, 247 милиони евра за дефанзивците и само 28 милиони евра за голманите.

Една од првите sвезди кои пристигнаа во клубот беа Тијаго Силва и Хавиер Пасторе (по 42 милиони евра), а потоа следат Златан Ибрахимовиќ (21 милион евра), Единсон Кавани (64,5 милиони евра). Анхел ди Марија (63 милиони евра) и Давид Луис (49,5 милиони евра).

Нивото беше кренато во 2017 година, кога ПСЖ направи два вонземски трансфери – шокантно е дека Нејмар пристигна од Барселона за 222 милиони евра, а Килијан Мбапе дојде од Монако на заем со обврзувачка откупна клаузула во вредност од 145 милиони евра.

Францускиот шампион потроши најмногу пари во Шпанија – 333 милиони евра, во Италија – 323 милиони евра, а Франција – 214 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.