Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, им се извини на навивачите за ремито без голови со Шведска на натпреварот од 1. коло на Европското првенство, што се одигра синоќа во Севилја.

– Се сретнавме со тим кој реши да остане назад во одбраната, потпирајќи се исклучиво на  топки од далечина. Сепак, морам да признаам дека Шведска можеше да победи. Ремито  остави горчливи чувства и им се извинувам на навивачите. Оваа вечер моравме да победиме. Се обидуваме да создадеме шанси за гол, ги имаше доволно, но реализацијата не беше на ниво, го цитира Енрике официјалната веб-страница на УЕФА.

На другиот натпревар од групата Е, Словачка ја совлада Полска со 2:1.

Во следното коло, Шпанија ќе игра против Полска на 19 јуни, а Швеѓаните ќе се соочат со Словачка еден ден порано



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.