Шпанскиот здравствен совет одлучи да го намали дозволениот број на гледачи на спортските настани поради зголемената инциденца на корона вирусот.
Според шпанскиот весник „АС“, максималната посетеност на фудбалски натпревари и други натпревари на отворено е намалена од 100% на 75%, додека на кошаркарски дуели, како и на други натпревари во сала, од 80% на 50%.
Од гледачите ќе се бара да носат маски при присуство на настани. Ќе им биде забрането и пушење и јадење.
Шпанското фудбалско првенство во моментов е на Божиќна пауза, а ќе продолжи на 31 декември со натпреварот од 19. коло Валенсија – Еспањол. Останатите средби ќе се одржат на 2 и 3 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.