Кон крајот на јануари светската јавност беше потресена од веста за смртта на Емилијан Сала, кој загина во пад на авион, со кој требало од Нант да стигне во Кардиф.
Прво не биле познати сите детали, потоа е идентификувано телото, а неколку месеци подоцна се откриваат и нови детали за несреќата.
Како што дознава Би Би Си, пилотот на авионот во кој се наоѓал аргентинскиот напаѓач, Дејвид Иботсон немал дозвола да лета ноќе.
Трагедијата се случила токму за време на ноќта над Ламанш, а Иботсон немал лиценца за ноќни летови, бидејќи е далтонист.
Пилотот на Пајпер не можел да разликува бои, па во дозволата за летање стои дека смеел да управува со авионот само во тек на ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.