Словачкиот дефанзивец, Мартин Шкртел по само три недели поминати во Аталанта си замина од клубот од Бергамо.
Искусниот фудбалер пристигна во засилување во пресрет на новата сезона и настапот во Лигата на шампионите, но по евидентните несогласувања со тренерот Џанпјеро Гасперини тој се одлучил да си замине од клубот.
34 годишниот фудбалер помина две сезони во Фенербахче, а откако му истече договорот со овој клуб потпиша за Аталанта од каде пак заминува без ниту еден одигран натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.