Селекторот на украинската фудбалска федерација, Андриј Шевченко, со внимателност ги коментира шансите на неговата селекција на претстојното Европско првенство во Фудбал.

Украина е дел од групата во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија, заедно со Холандија и Австрија, а поранешната фудбалска легенда очекува крајно неизвесна борба за местата што ќе носат настап во нокаут фазата.

Нема лесни противници. Австријците имаат добар тим, Македонија исто така не е лоша, а Холандија е фаворит во групата. Иако нема да играат со Ван Дајк, Холанѓаните се многу силни. Австрија има играчи кои настапуваат за многу важни клубови – изјави Шевченко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.