Андриј Шевченко веќе не е селектор на Украина, неговиот договор заврши, тој денеска со емотивно соопштение се збогува од националниот тим.
Денеска истекува мојот договор со Украинската фудбалска федерација. Поминав пет години со националниот тим. Тоа беше тешка работа со која докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот и извршниот комитет на федерацијата за шанасата што ми ја даде да работам со украинскиот национален тим. Благодарен сум на секој фудбалер, секоја личност која помогна и која беше инволвирана во тиимот. Голема благодарност за сите фанови за нивната поддршка и критика. Заедно успеавме да покажеме дека нашиот фудбал може да биде конкурентен, продуктивен и возбудлив. Со верба во Украина, стои во соопштението на Шевченко.
Се верува дека следен предизвик за Шевченко ќе биде клупскиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.