Еден од најмоќните менаџери во светот, тетовецот Фали Рамадани се најде во голем проблем откако Шпанија го обвини за перење пари. Имено, цивилната гарда на Шпанија цели шест часа му ја претресувала куќата на Мајорка од каде била одземена бројна документација која допрва ќе се вештачи пред да биде подигнато обвинение. По шест часа на Рамадани му било соопштено дека следните неколку дена мора да се појави на распит пред Националниот суд во Мадрид.
Акцијата против Рамадани е здружена зашто работеле тимот за борба против организираниот криминал, групата за финансиско работење, а биле вклучени и Еуропол и даночната служба.
Според најавите на шпанските медиуми, можно е луксузниот и богат имот кој Рамадани го поседува на Мајорка да биде замрзнат до завршување на истрагата, а тетовецот, кој е менаџер на бројни фудбалски ѕвезди поседува вили, станови, земјиште, јахти, луксузни автомобили…
Инаку, акцијата на Шпанија не е насочена само против Рамадани, туку и против неколкумина други менаџери од Источна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.