Серијата порази на Шалке продолжува. На денешниот дуел тимот на Гелзенкирхен во 3. коло од Бундеслигата беше поразен од Лајпциг (0:4).
Една недела порано, Шалке загуби од Вердер Бремен (1:3), а во првото коло беше поразен од Баерн Минхен (0:8).
Земајќи ја предвид минатата сезона, серијата порази на тимот од Рур во Бундеслигата достигна 19 натпревари. Последната победа беше извојувана на 17 јануари на средба со Борусија Менхенгладбах (2:0). По тој натпревар, Шалке претрпе 13 порази во шампионатот и одигра нерешено на шест натпревари.
Тимот на Шалке е последен во новата сезона во Бундеслигата. Келн и Мајнц исто така немаат освоено бодови во првите три кола, но овие клубови имаат подобра гол-разлика.
Минатата недела Шалке го отпушти Давид Вагнер од функцијата главен тренер и на негово место го постави Мануел Баум
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.