Екипата на Севилја е првиот финалист во Европа лигата откако во Келн го победи Манчестер јунајтед со 2-1.

Шпанците дојдоа до триумф со пресврт откако Манчестер поведе со голот на Бруно Фернандеш од пенал, по само девет минути игра. Севилја го израмни резултатот до полувремето, преку Сусо кој ја затресе противничката мрежа во 26 минута.

Севилја го комплетира превртот и стигна до победа со голот на Лук Де Јонг во 78 минута.

Со оваа победа, Севилја ќе настапи во своето шесто финале во Европа лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.