Екипата на Севилја синоќа го победи градскиот ривал Бетис со 3-2, а победата во „дерби Севилјано“ ги искачи домаќините на четвртата позиција во Ла Лига.
Ефикасната дерби пресметка донесе четири гола во второто полувреме. Севилја имаше минимално водство по првиот дел со голот на Мунир во 26 минута. По десет минути игра во второто полувреме израмни Ло Селсо, за кого ова беше трет гол во последните два натпревари.
Четири минути подоцна Севилја ја врати предноста, Сарабија погоди за 2-1, а во 64 минута Франко Васкез зголеми на 3-1.
Овој резултат беше активен до 83 минута кога Тељо со прекрасен гол го постави конечниот резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.