Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Севилја ќе го врати Андре Силва во Милан на крајот на сезоната. Напаѓачот е на позајмица во шпанскиот клуб, а во договорот има клаузула според која Севилја може да го откупи на крајот на сезоната за 35 милиони евра.

И покрај фактот што Андре Силва покажува одлични партии во Примера сезонава, сепак клубот од Андалузија нема намера да го откупи неговиот договор и ќе го врати Португалецот на „Сан Сиро“.

Наводно, причината за оваа одлука е тоа што Севилја побарала од Милан попуст при откупот, но „росонерите“ не биле расположени за такво нешто бидејќи во моментов постои голем интерес за Силва од повеќе европски клубови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.