Севиља стана првиот тим кој се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, откако го победи по втор пат Лацио, сега со 2-0 на домашен терен.
Висам бен Једер, кој ја донесе победата на андалузијците со 0-1 на „Олимпико” минатата недела, го отвори резултатот на „Рамон Санчез Писхуан” во 20-тата минута.
Во второто полувреме работите на теренот се вжештија и Франко Васкез (60) и Адам Марушич (71) беа исклучени, а Пабло Сарабија стави точка на мечот со втор гол во 78-та минута. Севилја го доигра мечот со 9 фудбалери, откако Хесус Навас се повреди и не успеа да продолжи.
Така Севилја, која е најтрофејниот тим во Лига Европа, се квалификуваше за осминафиналната фаза на турнирот.
Останатите реванш средби од шеснаесетфиналето во вториот по квалитет европски клупски турнир, се играат утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.