Италијанската Серија А донесе одлука да забрани екипите во домашните натпреварувања да употребуваат дресови со зелена боја стартувајќи од сезоната 2022/23.

Има неколку причини за таквата одлука, а главната е телевизкото доживување на гледачите, односно се прави обид ниту една екипа да нема дресови што ќе бидат премногу слични на теренот и на тој начин да правата забуна кај гледачите пред малите екрани. Истовремено, навивачите што се на трибините на стадионите, како и судиите, ќе имаат можност да гледаат поголем контраст меѓу дресовите и теренот.

Новото правило е вклучено во правилнокот за претстојната сезона, за да им се даде можност и време на клубовите да ги вклучат новите правила и да го планираат изгледот на нивните дресови.

Се воведува и правило доколку на дресот се појавуваат повеќе од три бои, едната мора да биде јасно доминантна на дресот и на шорцевите, а другите бои јасно да може да се идентификуваат како секундарни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.