Капитенот на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос нема да игра на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.
Таква е одлуката на селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, кој не го стави Рамос на списокот од 24 играчи.
Одбранбениот фудбалер годинава имаше доста проблеми со повреди, но сепак, се очекуваше повторно да биде лидер на Шпанија.
Ова е прво натпреварување од 2004 година на кое Шпанија ќе игра без Рамос кој имаше голем придонес во двете европски титули во 2008 и 2012 година, како и во 2010 година во Јужна Африка кога Шпанците го славеа освојувањето на светското првенство.
Составот на Шпанија за ЕВРО 2020: Симон, Де Геа, Санчез, Гаја, Алба, Пау Торес, Лапорт, Гарсија, Љоренте, Азпиликуета, М. Љоренте, Бускетс, Родри, Педри, Тијаго, Коке, Фабиан, Дани Олмо, Ојарзабал, Жерар, Мората, Ф. Торес, Адама, Сарабија.
Шпанците на ЕП ќе играат во групата „Е“ против селекциите на Полска, Словачка и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.