Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ги рангираше најефикасните одбранбени играчи на 21. век. На тоа рангирање, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е на првото место со 103 гола за клубот и 23 за шпанската репрезентација.

Во топ 5 се најдоа и: Маркус Тулио Танака (Јапонија, 104 гола), Абдерахмане Хашуд (Алжир, 88 голови), Кејлор Сото (Костарика, 86 гола), Маркус Јургенсон (Естонија, 85 гола).

Поранешниот бразилски репрезентативец, Роберто Карлос е на 25. Место. Во текот на целата своја кариера, Бразилецот постигна 124 голови, но само 61 погодок во 21 век.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.