Нема бегање од Ковид-19 веќе повеќе од една година. Никој не е поштеден, дури оние кои се фудбалски легенди, како Сергеј Барбарез еден од најдобрите фудбалери во историјата на БиХ кои имаат да кажат нешто. Некогашен репрезентативец на својата земја, поранешен фудбалер на големи европски, пред се германски клубови.

Тој по повод вакцинацијата, која е светска топ – тема, на својот Твитер профил напиша:

“Ти благодарам, Белграде мој, што на мојата мајка и сестра им овозможи да се вакцинираат кај тебе, а со тоа што добија и шанса за подобар живот. А ти Босно, ти биди горда на својот идиотизам“.

Со ова босанската фудбалска легенда упати критика до властите на својата земја за тоа што не знаат како да се справат со проблемите околу вакцинацијата.

Познато е дека во Србија се вакцинираат и граѓани од Македонија, БиХ, Црна Гора, но и од други земји.

Таму го бараат спасот од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.