Фудбалерите на Швајцарија направија првокласна сензација, откако го елиминираа светскиот првак Франција од осминафиналето на Европското првенство, победувајќи по пенали со (3-3). Швајцарците поведоа, „триколорите“ направија голем пресврт и поведоа со 3-1. Сепак, момците на Петковиќ не се откажаа, се вратија во игра и издржаа 120 минути, а потоа беа подобри во пенал-рулетот.
За првпат во осминафиналето се одеше на пенали. Првиот пенал и припадна на Швајцарија, а прецизно шутираше Гаврановиќ. За Франција првиот пенал го изведе успешно Погба. Зомер и Лорис не им ги прочитаа ударите и се фрлија на погрешна страна на голот.
Вториот пенал за Швајцарија го шутираше Шар, а за Франција Жиру, прцизно, иако Сомер го прочита.
Трет па за Швајцарија биеше Аканџи и го збуни Лорис кој не реагираше навреме. За Франција биеше Турам, а Зомер го прочита, но не успеа да го спречи ударот.
Четвриот пенал за Швајцарија го биеше Варгас, а Лорис го прочита, но не успеа да одбрани. За Франција биеше Кимпембе повторно прецизно.
Петиот пенал за Швајцарија го погооди Мехмеди. Петиот решавачки пенал за Франција го биеше Мбапе, но Зомер го прочита и го одбрани. Светскиот првак си оди дома, а Швајцарија оди на дуел со Шпанија во четвртфинале.
Целосниот извештај од натпреварот прочитајте го на гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.