По вечерашниот натпревар во кој Македонија го совлада Исланд со 3:1 и се пласираше во бараж за СП во Катар 2022, селекторот на Исланд, Арнар Видарсон, ги кажа своите импресии од дуелот на Арената „Тодор Проески“.
Предводникот на островската селекција кажа дека нашиот национален тим го заслужил второто место и воедно честита за тимската обединетост и кохезија која владее во репрезентацијата, објави gol.mk.
Честитки за второто место. Моите емоции се секогаш исти кога губам меч, не сум среќен, тоа никогаш нема да се промени. Мислам дека мечот во првиот дел беше доста тежок за нас, затоа што беше тешко да се држи топката. Во вториот дел бевме многу подобри, дадовме гол за 1-1. Тргнавме на 2-1, мислевме дека ќе креираме паника, дека ќе го испаничиме противникот и дека работите ќе тргнат за наша страна, но тоа не се случи. Следеше и црвен картон, па на крајот го загубивме натпреварот. Македонија е подобра, го заслужи второто место. Се работи за компактен тим кој долго време е заедно, се гледа кохезијата во тимот. Сакаме и ние еден ден да бидеме репрезентација како Македонија, изјави Видарсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.