Фудбалерите на Грција среде Атина одиграа нерешено, 1-1 со аутсајдерот Лихтенштајн. Свесен за понижувањето, по натпреварот, селекторот ги заклучил играчите во соблекувалната и не дозволил никој да се приближи, пишуваат грчките медиуми.
Новинарите нестрпеливо чекале да сретнат некој од играчите меѓутоа самата атмосфера била напната и веројатно и фудбалерите после таква бламажа не сакале да се појават пред камерите.
Селекторот Ван Шип зборувшае за медиумите и порача дека со овој резултат го допреле дното.
Разочарани сме, требаше да победиме со оглед на шансите. Лихтенштајн имаше само една шанса. Го допревме дното. Ќе мораме напорно да работиме и да ја подмладиме селекцијата“, изјави холандскиот тренер.
После шест одиграни кола Грција е петопласирана во групата од квалификациите со само пет освоени бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.