Селекторот на данската фубалска репрезентација, Каспер Хјумланд, изјави дека е разочаран поради начинот на кој неговата селекција беше елиминирана од Европското првенство по контроверзниот пенал за што на Англија и донесе пласман во големото финале.

Хјумланд вели дека на сите им е јасно дека немало пенал, но истовремено потенцира дека играта требало да биде сопрена затоа што во тие моменти на теренот имало две топки.

Пет секунди пред Стерлинг да претрча во нашиот шеснаесетник, на четвртиот судија му покажував дека има две топки на теренот. Тешко е ова да се прифати. Во ред е да загубиш натпревар, но не на ваков начин. Играчот трча, а покрај него има и втора топка, а потоа му судат пенал кој не постоеше. Ова е горчлив начин да се испадне од турнирот. Навистина ни е тешко – вели Хјумланд.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.