Селекторот на Англија, Герет Саутгејт и официјално го обнови договорот со „Гордиот Албион“ и ќе ја води репрезентацијата најмалку до 2024 година, кога завршува Европското првенство.

Претходниот договор на Саутгејт со репрезентацијата беше со траење до 2022 година со плата од три милиони евра годишно. Според пишувањата на медиумите, со новиот договор, англискиот стручњак ќе добива по пет милиони по сезона, што ќе го направи најплатен селектор во историјата на националниот тим.

Саутгејт ја предводи репрезентацијата на Англија од 2016 година. Под негово водство, Англичаните стигна до полуфиналето на Светското првенство 2018 година, а беа дел и од финалето на Европското првенство во 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.