Огњен Врањеш, по се судејќи, ќе остане без ангажман во фудбалскиот клуб Андерлехт после скандалот со Јелена Карлеуша.

Според сознанијата на одредени белгиски медиуми, челниците на Андерлехт ќе закажат состанок со Врањеш за да му соопштат дека оваа афера го нарушила неговиот и угледот на клубот, како и дека ќе мора после 31 јануари, до кога трае зимскиот преоден рок, да бара нов клуб.

Босанскиот фудбалер во моментов не присуствува на тренизните, поради здравствените проблеми предизвикани од лошата крвна слика.

Врањеш минатото лето поминал во Андерлехт за 3,2 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.