УЕФА е во последна фаза од подготвување план за крајот на сезоната во ЛШ, тврди „РМЦ Спорт“.

Според информациите, преостанатите натпревари на турнирот ќе се одржат во 20-дневен период помеѓу 3 и 23 август.

Останатите реванши од осминафиналето ќе се одржат помеѓу 3 и 10 август. Потоа четвртфиналето, кое ќе започне на 12 август, а полуфиналето, кое ќе биде на 15 и 16 август, ќе се игра на само еден натпревар без реванш. Финалето е закажано за 23 август во 21 часот по македонско време.

Сите натпревари се очекува да се играат во Лисабон, со Франкфурт како резервна варијанта.
Натпреварот за трофејот во Лигата на Европа ќе биде на 21 август, исто така во 21 часот по наше време



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.